Црвен крст за водици

Почитувани,

Црвен крст Охрид од 2005 г. активно е вклучен и дава значителен придонес во организиранње и реализација на централната манифестација за одбележување на версиот празник „Богојавление-Водици“. Преку најразлични превентивни едукативни активности, јавни настапи, делење на едукативен материјал волонтерите на Црвен крст Охрид го подготвуваа и запознаваа населението и потенцијалните посетители на настанот, особено оние кои се подготвуваа да „скокаат по крстот“ во водате на Охридското езеро, како да го заштитат своето здравје. На секоја манифестација Водици беа вклучени преку 80 волонтери на Црвен крст Охрид организирани во тимови на спасители на вода, тимови на нуркачи, медицински тимови, тимови за логистика.

 

 

Во продолжение краток преглед на активностите на тимовите на Црвен крст Охрид за време на одржувањето на манифестацијата „Водици“.

  • Три дена пред одржување на манифестацијата тимовите-волонтерите на Црвен крст Охрид кои ќе бидат ангажирани со најразлични активности, вршат подготовки со распределба на задачите
  • Ден пред одржување на манифестацијата од страна на нуркачките тимови се врши чистење на езерското дно во внатрешноста на пристаништето, каде ќе се осветуваат водите односно ќе влегуваат „скокачите по крстот“, после што од страна на спасителите на вода се врши обележување на делот каде ќе се влегува и плива по крстот, со лоцирање и обележување на ризични точки.
  • Тимовите за логистика на Црвен крст Охрид ги поставуваат содветните пунктови (шатори) за укажување прва помош и ја подготвуваат потребната опрема за спасување и укажување прва помош
  • Во вечерните часови пред Водици во специјални пунктови, медицинските тимови на Црвен крст Охрид вршат превентивни прегледи и ги советуваат и информираат оние кои ќе влегуваат во водите на Охридското езеро за предизвиците и опасностите кои можат да се појават при влегување во студените води.
  • Волонтери на Црвен крст Охрид ги пречекуваат, ги распоредуваат на соодветни места и придружуваат официјалните странски делегации информирајќи ги за манифестацијата Водици, црковните обичаи и адети.
  • Опремени со неопходната опрема за спасување и укажување прва помош тимовите на спасители на вода поставени во спасителни чамци координирано делуваат со нуркачките тимови во вода и со тимовите на спасители на вода и медицински тимови на брегот, во извлекување и укажување на прва помош на оние кои пројавиле слабост во студената вода во Охридското езеро (6-10 оC) и им е потребна помош
  • Бројните посетители на денот на одржување на манифестацијата имаат можност да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв на традиционалната крводарителска акција „Водици“ која во организација на Црвен крст Охрид се одвива во непосредна близина на градското пристаниште во Охрид
  • На „Денот на рибарите“, 20-ти јануари и волонтерите на Црвен крст Охрид од Клубот на млади помагаат во дистрибуција на приготвената рибина чорба на посетителите на манифестацијата за „Денот на рибарите“ но и доставување на рибина чорба на бројни социјално загрозени семејства, лица со хендикеп, дежурни служби во здравствените установи, противпожарната служба и сл.

 

 

Во продолжение дел од податоците за интервенции на тимовите на Црвен крст Охрид и даруваните крвни единици:

2013 г. – 35 интервенции на извлекување на „скокачи по крстот“ поради сериозни смрзнатини, посекотини и други повреди заради долготрајно барање на крстот. Медицинските тимови интервенирале на 3 лица со хипотермија, 2 лица со посекотини и над 20 помали интервенции.  Хуманите крводарители дарувале 119 крвни единици

2015 г. – 15 капачи побарале помош поради студената езерска вода; четири медицински интервенции, од кои три полесни хипотермички шокови и една интервенција поради посекотини. Eкипите на Црвен крст интервенирале и во случај кога дете паднало во водата на езерото. Дарувани   86 крвни единици

2017 г. – Две полесни интервенции на спасителите на вода во помош на 2 лица да излезат од вода. Медицинските тимови имале 2 полесни интервенции на суво.  Дарувани   102 крвни единици

2019г. – Нема интервенции на спасителите на вода. Медицинските тимови имале полесни интервенции на 2 лица со лесна хипотермија и на 2 лица со посекотини. Дарувани   90 крвни единици

2020г. – Нема значителни интервенции на тимовите на спасители на вода и медицинските тимови. Дарувани 91 крвни единици

 

Со почит,

 

Претседател                                                                                                                         Секретар

Сашо Точков                                                                                                            Мимоза Ставрева