ПРОФИЛ НА ОПШТИНАТА – Ohrid.gov.mk

ОСНОВНИ СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ

Нашите податоци говорат дека според резултатите од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија – 2002г., бројот на вкупното население во општина Охрид изнесува 55.749 жители, од кои според националната припадност 85% се изјасниле како Mакедонци, а останатиот дел го сочинуваат Aлбанци, Tурци, Срби, Власи, Роми и други, кои живеат во 16.012 домаќинства и поседуваат 28.437 станови.

Охрид располага со 180 угостителски објекти и 60 капацитети за сместување.

Од источната страна на градот се издигнува Националниот Парк – Галичица, со својот највисок врв Магаро 2.582м.

Бисерот на Охрид – Охридското Езеро е со површина од 358км², од кои 118,9км² припаѓаат на Албанија, со надморска висина од 695м и со најголема длабочина од 286м.

Површина:

копнен дел 203км²
жители  256 на км²

Број на населени места :

14 населби (не се вклучени 5 приградски населби)
5 села со помалку од 300 жители
6 села со средна големина
4 населби со повеќе од 800 жители

Местоположба:

југозападен дел на Република Северна Македонија, лоциран на североисточниот брег на Охридското Езеро, чија 1/3 припаѓа на Р.Албанија;

Надморска височина: 695м – 800м

Охридско Езеро:

старост 4 – 10 мил. години
макс.длабочина 286м
средна длабочина 151м
површина на езерото 358км²
надморска висина 695м
должина 31км
ширина 15км
проѕирност на водата 22м
летна макс. тем. на водата 24 – 25°С

Клима:

МИКРО КЛИМА: модифицирана средоземноморска – умерено континентална
(поради високите планини – 2000м и надморската височина 695м има и планинска клима)
110 км од Јадранско Море
просечна годишна температура 11°С
просечна зимска температура 2.7°С
просечна летна температура 19.6°С
инсолација 2300ч. годишно

 

Source: ПРОФИЛ НА ОПШТИНАТА – Ohrid.gov.mk