Беседа на празникот Богојавление, 2018 година

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри!

Денешниот празник, во старата Црква, неслучајно се прославувал заедно со Божик, односно, со Рождество то Христово. Овие два празници се прославувале како еден, бидејќи тој празник ни сведочи за највеличествената вистина на Божјото откровение, односно дека Бог се јави во плот во светот. Но, тоа не било просто допирање на Свети от Дух до некои видни и важни личности, како што било во Стариот завет, туку, влегол и се допрел до целиот род чо вечки и до целата природа, до сиот Космос. Гревот, кој се обидувал да ја разруши Божјата промисла за светот и за луѓето, гревот, кој бил движен од ѓаволската сила, не успеал да победи! Не успеал, затоа што Христос, Синот Божји, постанал и Син Човечки, и однел победа над гревот, односно над злото. Господ Исус Христос Својот жи вотен пат го поминал во целосно општење со Бог Отецот.

Во целосно соединување на Својата со волјата на Бог Отец. Самиот Себе, во полнота, се предал за осуштествување на Божествената промисла за човечкиот род. Гревот е обессилен и победен. Тој нема повеќе сила да господари над луѓето. Задачата на Црквата Христова е на секој човек да му укаже дека не треба да допушти гревот и ѓавол да господари над човечкиот род. Дури и кога ние, поради нашите слабости, ќе паднеме пред искушенијата и соблазните и ќе отстапиме од Бога и од правдата, Црквата нè повикува, да не ја потчинуваме нашата слободна волја на гревот и на ѓаволот, туку, да се поправиме, и секогаш величајќи Го Бога како наш Творец, Создател и Спасител на светот.

Ние постојано сме опкружени од ѓаволот. Тој постојано нè напаѓа и сака да нè прелаже. Истото го прави кон целата Црква Христова. Но, не треба да ги заборавиме Христови те зборови: „На тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Мат. 16, 18). Тоа значи дека Божјата правда никогаш нема да исчезне од животот на луѓето. Нема да исчезнат оние што ќе сакаат да живеат според слободната волја и да ги прифатат правдата и вистината. Кога би се собрале и здружиле и најголемите демонски сили, нема да можат да ги победат оние што жи веат според Божјиот закон. Тоа е така, бидејќи Бог така сака. Бог Отец, преку Својот Син Господ Исус Христос го по бедил гревот и ѓаволот во историјата на луѓето. Треба да знаеме дека таа победа не се случува само со нашите сили, односно со умствените сили и според нашата волја и чув ства. Таа победа се случува преку нашата вера.

На таа вера Бог одговара и ја дава Својата енергија, Својата благодат и Својата сила. Неслучајно на Богојавление осветуваме вода. Водата е видлив знак. Знак на допирање на материјалната природа на целиот свет со Божјата благодат и Божјата енергија. Зна еме дека оваа вода поседува особена сила на лекување и помагање. Но, треба да знаеме дека таа сила не е волшеб на. Таа сила не е бајачка, којашто би дејствувала независно од нашата волја. Таа е благодатна сила која дејствува, само тогаш кога ние ја земаме и ја употребуваме со вера и кога нашите глави и срца ги приклонуваме пред Господа. Затоа, многу е важно сите да знаеме дека денес, оние кои, според нашата традиција, се капат во Јорданските води, треба да знаат дека се допираат до светиња, односно, се допираат до Божјата благодат. Оние што се капат треба да покажат, не само физичка храброст на нивниот организам, туку, да ја осветат и нивната душа и да добијат бодрост и сила на нивниот дух. Да ни помогне Бог со Неговата благодат да ја зачуваме нашата вера.

Да го чуваме законот Божји во нашите срца и во нашите души. Да се спротивставиме на секаков грев и лага во нашите живот. Да одолееме на неправдата и да стоиме цврсто на фундаментот на нашата вера, односно, на каменот на којшто е создадена Црквата. Веруваме дека си лата Божја ќе го преобрази нашиот живот и нашиот народ, па повеќемина ќе појдат по патот Христов и по учењето на нашата света вера и Црква, преобразени и облагородени исполнувајќи го редот и поредокот на нашата вера и Црква. Амин!

Беседата е изговорена на 19.01.2018 год., на светата Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, Охрид.