Category: Новости

Украсување по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици.

Започна украсувањето по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Од утрово екипи на ЈП “Охридски Комуналец” поставуваат државни и верски знамиња во чаршијата и главните улици, кои водат кон градското пристаниште. Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води. Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните…

Апел од градоначалникот Константин Георгиески

  Годинава нема да биде организирано традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро од градското пристаниште во Охрид. Поради пандемијата од Ковид 19, празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби и осветување на вода, со која ќе биде извршен Богојавленскиот водосвет на езерото. Упатувам апел до граѓаните…

Соопштение од Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА

Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија, во духот на препораките добиени од страна на Министерството за здравство до верските заедници, препорачува претстојните празници да се прославуваат со одговорност кон јавното здравје, да се почитуваат епидемиолошките здравствени мерки, па Божикните и Богојавленските празници да се прославуваат без нарушување на законските нормативи за…

Црвен крст Охрид – Крводарителска акција

Во рамките на своите активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид традиционално ја реализира крводарителската акција Водици 2021 која под мотото “ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ” ќе се реализира на 19.01.2021 г.(вторник) во периодот од 9 – 15 часот…