Црвен крст Охрид – Крводарителска акција

Во рамките на своите активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид традиционално ја реализира крводарителската акција Водици 2021 која под мотото “ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СЕ” ќе се реализира на 19.01.2021 г.(вторник) во периодот од 9 – 15 часот во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид

Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители. Крвта е извор на животот, крвта е лек. Единствен извор на крв се крводарителите. Ако се чувствуваш здрав и имаш помеѓу 18 и 65 години, биди херој и дарувај крв!