Привршуваат подготoвките за прославувањето на големиот Христијански празник Богојавление – Водици

Привршуваат подготивките за прославувањето на големиот Христијански празник Богојавление – Водици. Вчера, членовите на клубот за подводни дејности „Охрид“ го чистеа дното на Охридското езеро кај Градското пристаниште, каде што ќе се положи чесниот крст.

Од ЈП „Охридски комуналец“ се вклучени во темелно чистење на Градското пристаниште каде верниците влегуваат во езерските води. Ангажирана е и механизација и се расчистуваат наносите од песок, трска и друг вид отпад. Дополнително екипи на ЈП „Охридски комуналец“ го украсуваат градот.