Нуркачки центар Амфора

Почитувани,

Манифестацијата за одбележување на верскиот празник ,,Богојавленије Водици,, претставува најмасовно учество на верници од Охрид, од други градови од Македонија како и верници од соседните земји.

Имајќи во предвид дека секоја година бројот на посетители се зголемува, а аналогно на тоа се зголемува и бројот на учесници кои скокаат по чесниот крст во Охридското езеро на предлог на меѓународниот инструктор Милутин Секулоски IT15129 кој воедно е и инструктор за спасување на вода и активен волонтер на Црвен крст Охрид од 1987 година на средба со господинот Сашо Точков во декември 2005 година се договорија дека заради масовното учество на скокачите по чесниот крст не е доволно да се вклучени само спасители туку да се вклучат и нуркачки екипи.

 

Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид и нуркачите од Клубот за подводни дејносто Охрид од 2005 година активно се вклучени во обезбедување на „скокачите по крстот“.

Првата година беа ангажирани нуркачи кои имаат завршено курс за безбедност на вода, а понатака се договоривме дека во нуркачкиот тим може да учествува секој сертифициран нуркач.

Пред самата манифестација во Црвен крст се прави оперативен план во кој се вклучени нуркачите и спасителите на вода и се договара координација меѓу тимовите.

Во одборот за одбележување на манифестацијата се и членови на НЦ Амфора кои во Општина Охрид пред другите членови на одбороот го презентираат планот за безбедност на капачите. Во нуркачката екипа се вклучени од 10 до 15 нуркачи-спасители истите имаат обележување на Црвен Крст Охрид – безбедност на вода.

Еден ден пред настанот нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА и од Клубот за подводни дејности Охрид го чистат дното на Охридското езеро во внатрешноста на градското пристаниште каде што се фрла светиот крст.
Ангажирање на нуркачките екипи се покажа како одлична идеја, а тоа го покажува и самата статистика на Црвен крст Охрид за бројот на интервенции за спасување на вода.