Богослужба на македонски јазик

СВЕТО БОГОЈАВЛЕНИЕ

КРШТЕНИЕ НА НАШИОТ ГОСПОД БОГ И

СПАСИТЕЛ ИСУС ХРИСТОС

На Вечерната На Господи воззвах, стихири:

 

Глас 2. Кога Претечата Го виде како доаѓа нашиот Про-светител Којшто го просветува секој човек, се зарадува во душа-та и трепери со раката; покажува на Него и им зборува на луѓето: – Овој е Тој Којшто го избавува Израилот; Којшто не избавува од распадливост. 0, безгрешен Христе Боже наш, слава Тебе! (два-пати)

Нашиот Избавител, од слугата крстен и од пришествието на Духот посведочен, гледајќи Го, ангелските војски се ужасија, а гласот од небото се пренесуваше од Отецот: – Овој, Кого раката од Претечата го крштава, е Мојот возљубен Син, Кој е според Мојата волја. Христе Боже наш, слава Тебе! (два-пати)

Јорданските води Те примија Тебе – Изворот; Утешителот во вид на гулаб слегуваше; ја приклонува главата Оној Којшто ги приклони небесата; повикува и воспева калта кон Создателот:

Зошто ми заповедуваш нешто што е над моите можности? Јас треба да бидам крстен од Тебе. 0, безгрешен Христе Боже наш, славаТебе! (двапати)

Сакајќи да го спасиш заблудениот човек, Си посакал да се облечеш во лик на слуга, зашто Ти прилегаше на Тебе – Господарот и Бог, да примиш од нашето за нас. Ти Којшто се крсти со телото, Избавителу, Си не удостоил со прошка, затоа Ти пееме:

– Христе Боже наш, слава Тебе! (двапати)

Слава… и сега…, глас 2.

Си ја наведнал главата пред Претечата, Си и ја скршил главата на змијата; кога дојде во водите, си ги просветил сите кои Те слават, Спасителе, како Просветител на нашите души.

Вход со Евангелие. Прокимен на денот. Паримии: Битие, (гл. 1, 1-13 ст.) Исход,(гл. 14, 15-22 ст.) Исход, (гл. 15, 22-гл. 16,1 ст.) Тропар глас 5.

Си се јавил во светот, Ти Којшто го создаде светот, за да ги просветиш тие што седат во темнина, Човекољубче, слава Тебе!

Стих: – Боже, уштедри не, и благослови не, просвети не со Твоето лице и помилуј не; да биде познат Твојот пат на земјата, а помеѓу сите народи, Твоето спасение.

– За да ги просветиш тие што седат во темнина, Човекољубче, слава Тебе!

Стих: – Да се исповедаат луѓето пред тебе, Боже, да се исповедаат пред Тебе сите луѓе. Да се развеселат и да се зарадуваат народите, бидејќи ќе им судиш на луѓето според правината и ќе ги упатиш народите на Земјата.

– За да ги просветиш тие што седат во темнина, Човекољубче, слава Тебе!

Стих: – Да се исповедаат луѓето пред тебе, Боже, да се исповедаат пред Тебе сите луѓе. Земјата го даде својот плод, благослови не, Боже, Боже наш;

благослови не, Боже; и нека се исплашат од Него сите краишта на Земјата.

-За да ги просветиш тие што седат во темнина, Човекољубче, слава Тебе!

Слава…, и сега…

Си се јавил во светот, Ти Којшто го создаде светот, за да ги просветиш тие што седат во темнина, Човекољубче, слава Тебе!

Паримии: Исус Навин, (гл. 3, 7-17ст.)

Царства, ^. 4, (гл. 2, 6-14 ст.) Царства, кн. 4, (гл. 5, 9-14 ст.)

На грешниците и митниците Си им се јавил, Спасителу наш, поради големата милост Твоја; зашто, каде би засветила Твојата светлина, ако не кај оние коишто седат во темнина?! Слава Тебе!

Стих: – Господ се зацари, се облече во велелепие; Господ се препаша со сила, зашто Вселената ја зацврсти и нема да се разниша. Твојот престол е утврден од почетокот на времето, Ти постоиш од секогаш.

– Зашто, каде би засветила Твојата светлина, ако не кај оние коишто седат во темнина?! Слава Тебе!

Стих: – Ги издигнаа реките, Господи, ги издигнаа реките гласовите свои, од бучењето на многуте води.

– Зашто, каде би засветила Твојата светлина, ако не кај оние коишто седат во темнина?! Слава Тебе!

Стих: – Чудни се морските бранови, чудесен е Господ во височините Свои. Сведоштвата Твои се многу уверливи, на Тв-јот дом, Господи, му прилега светост за долго време.

– Зашто, каде би засветила Твојата светлина, ако не кај оние коишто седат во темнина?! СлаваТебе!

Слава…, и сега…

На грешниците и митниците Си им се јавил, Спасителу наш, поради големата милост Твоја; зашто, каде би засветила Твојата светлина, ако не кај оние коишто седат во темнина?! Слава Тебе!

Паримии: Пророштва од Исаија, (гл. 1, 16-20 ст.)

Битие, (гл. 32, 1-10 ст.) Исход,(гл.2,5-10ст.) Судии, (гл. 6, 36-40 ст.)

Царства, кн. 3, (гл. 18,30-39 ст.)

Царства, кн. 4, (гл. 2, 19-22 ст.)

Пророштва од Исаија, (гл.49,8-15ст.)

Мала ектенија и возглас: Зашто Твое е царството…

Потоа, прокимен глас 3. – Господ е мое просветување и мој Спасител, од кого ќе се бојам!?

Стих: – Господ е заштитник на мојот живот, од кого ќе се плашам.

Апостол,   посл.   до Коринтјаните, зачало 143.

Ако не е пост, го почнуваме од половината. Алилуја, глас 6. – Ќе изговорам од срцето мое добар збор.

Стих: – Украсен со добрина, повеќе од сите човечки синови.

Евангелие според Лука, зачало 9.

Потоа, според правилото, следува Божествена Литургија од свети Василиј Велики.

Наместо, – Достојно ест…, пее-ме: – 0 тебе радуетсја…

Причастен: – Хвалите Го-сподаснебес…

По заамвонската молитва се прави голем Богојавленски во-досвет. (види Требник на маке-донски јазик, синодско издание, Скопје- 1997год.)

Литијни стихири, само-гласни, глас 4.

Оној Којшто се облекува со светлина како со облека, за-ради нас постана како нас, и во Јорданските води денес се нур-нува, не дека Самиот има по-треба од очистување, туку за нас, преку Себе ни устрои (духовно) породување. 0, чудо! Без оган спалува, и без мака изградува и ги спасува во Него просветените, Христос Бог и Спасителот на нашите души.

Крстителот, гледајќи Те Тебе Којшто со Дух и оган ги очистуваш гревовите на светот, како доаѓаш кон него, се испла-ши и треперејќи, извикуваше, велејќи: – Не смеам да се допрам до Твојата пречиста глава; Ти освети ме мене, Владико, со Твоето божествено јавување, единствен Човекољубче!

Дојдете да ги подража-ваме мудрите девојки! Дојдете да Го дочекаме Господарот Којшто се јави, бидејќи дојде како младоженец пред Јована. Кога те виде Јордан, се исплаши и застана. Јован извикуваше: – Не смеам да го допрам темето на Бесмртниот. Духот слегуваше во вид на гулаб за да ја освети во-дата; и гласот од небесата: – Овој е Мојот Син Којшто дојде во светот за да го спаси родот човеч-ки. Господи, слава Тебе!

Христос се крштава и из-легува од водата, зашто со Себе го изведува светот и гледа на от-ворените небеса коишто Адам ги затвори за себе и за сите по него;

и Духот Го сведочи Божеството, зашто Му претходи на Подоб-ниот и на гласот од небесата: -Оттаму е посведочениот Спа-сител на нашите души.

Трепереше раката од Крс-тителот кога се допре до Твојата пречиста глава. Се врати назад реката Јордан не смеејќи да Ти служи Тебе, бидејќи таа се за-срами од Исус Навин; тогаш како нема да се исплаши од својот Тво-рец? Но, Ти сија исполнил целата праслика, Спасителу наш, за да го спасиш светот преку Твоето јавување, единствен Човеко-љубче!

Слава…, глас 8

Господи, сакајќи да го ис-полниш тоа што си го пре-додредил уште од вечноста, од целата природа си примил слу-жители на Тајната: од ангелите -Гавриила, од луѓето – Дева, од небото – ѕвезда и од водите – Јор-дан, во кого си го истребил светското беззаконие. Спасителу наш, славаТебе!

И сега…, истиот глас. Денес природата се просветува. Денес сите се веселат. Заедно, небесните и земните, ангелите и луѓето се мешаат, бидејќи, кадешто е царевото пришествие, таму и војската пристигнува. Значи, да побрзаме на Јордан и сите да го видиме Јо-вана, како ја крштава нерако-творната и безгрешната глава. Затоа, придружувајќи се на апо-столскиот глас, едногласно да извикаме: – Сејави Божјата бла-годат, спасителна за сите луѓе, светејќи и давајќи им на верни-ците голема милост.

На стиховните стихири. Глас 2, самогласен. – Кога Те виде Јован на реката Јордан како доаѓаш кај него, зборуваше:

– Христе Боже, зошто кај слугата Си дошол Ти Којшто немаш нечистотија, Господи? А во чие име да Те крстам?! На Отецот? Но Него во Себе Го носиш! На Синот? Па, Ти Си Тој Којшто се воплоти! На Духот Свети? И Него знаеш да им го даваш на верните усти! Ти Кој што сејави, Боже, помилуј не!

Стих: – Морето виде и по-бегна, Јордан се врати и застана.

Те видоа водите, Боже, Те видоа водите и се исплашија;

зашто кон Твојата слава ни херувимите не можат да гледаат, ниту, пак, серафимите да наѕрат, но, престојувајќи со страв, едните Те носат, а другите ја слават си-лата Твоја. Со нив, Штедар, да ја известиме Твојата пофалба, го-ворејќи: – Ти Кој што се јави, Боже, помилуј не!

Стих: – Што ти е море, зошто побегна? И тебе, Јордане, бидејќи се врати назад?

Денес, Творецот на небе-сата и на земјата, со тело приоѓа на Јордан, просејќи крштение, Безгрешниот, за да го очисти светот од лагата на врагот, и од слуга се крштава Господарот на се, и очистување со вода на ро-дот човечки му дава. Нему да Му извикнеме: – Ти Кој што се јави, Боже, помилуј не!

Слава…, и сега…, глас 6.

Светлиот светилник од неплодната, гледајќи Го Сонцето од Дева, како во Јордан проси крштение, со ужас и радост изви-куваше кон Него: – Ти мене осве-ти ме, Владико, со Твоето бо-жествено јавување.

Потоа: Сега го отпу-шташ…, трисвето…, а по Оче наш…,

Тропарот на празникот, глас1.

Во Јордан, крштавајќи се Ти, Господи, се објавиТроичното поклонение, зашто гласот на Родителот сведочеше за Тебе, возљубен Син именувајќи Те; и Духот во вид на гулаб ја изве-стуваше потврдата за Словото;

Христе Боже, Ти Којшто се јави и светот го просвети, слава Тебе! (трипати)

И благословување на лебовите според обичајот.

На утрената, по читањето на шестопсалмието, на Бог Гос-под…, тропарот на празникот, трипати и по првото стихо-словие,

Седален глас 3. Кога се ја-ви Ти во Јордан, Спасителе, и ко-га се крсти од Претечата, Христе, беше посведочен дека Си воз-љубен Син; затоа и собеспочетен на Отецот Си се јавил, а Духот Свети на Тебе слегуваше; и кога преку Него се просветивме, изви-куваме: – Слава на Бога Којшто суштествува во Троица.

Слава…, и сега…, глас 4.

Водите Јордански Си ги осветил, и гревовната власт Сија урнал, Христе Боже наш; Си се наведнал пред дланките на Пре-течата и Си го спасил од лага човечкиот род. Затоа Те молиме, спаси ги нашите души.

По второто стихословие, седален глас 5. Со Јорданските води кога се натопи, Ти Којшто се облекуваш преславно со свет-лина, Слово Божјо, во нив ја об-нови Адамовата природа која се распадна од лошата непослуш-ност. Затоа Те славиме и сите го славословуваме Твоето свето ја-вување.

Слава…, и сега…, глас 4.

Јордане реко, зошто се за-чуди, гледајќи Го Невидливиот необлечен? Видов и затреперив, – рече, – и како од Него да не се уплашам и да не исчезнам? Од Него ангелите, гледајќи се исплашија, небото се ужаси, и земјата затрепери, и морето се возне-мири, и сето видливо и невид-ливо. Христос се јави на Јордан за да ги освети водите.

Величание: Те величаме, животодавче Христе, Којшто сега, заради нас со телото се крш-таваш од Јована, во водите јор-дански.

Избран псалм: – Боже, уш-тедри не, и благослови не; ос-ветли не со лицето свое и помилуј не. Пристапете Му и ќе се про-светите и лицата ваши нема да се посрамат. Речните потоци го ве-селат Божјиот град. Гласот Гос-подов е над водите, Господ е над многу води. Ги издигнаа реките, Господи, ги издигнаа реките гла-совите свои. Ќе ги издигнат реки-те брановите свои, од гласот на многуте води. Поради тоа ќе си спомнам на Тебе од земјата Јорданска и Ермонска. Зашто во Тебе е изворот на животот, во Твојата светлина ќе гледаме светлина. – Морето виде и избега;

Јордан се врати назад. Со силата Своја Ти Си ги утврдил мори-њата. Ти Си ги сотрел главите на водните страшила. Ти ги отвори изворите и потоците. Те видоа во-дите, Боже, Те видоа водите и се разбрануваа. Твојот пат води кон морето, но Твоите патеки во многуте води. Колку се многубројни делата Твои, Господи, се Си направил премудро. Слава…, и сега…, Алилуја. (трипати).

По полиелејот, седален глас 4.

Дојдете, верници, да ви-диме каде се крсти Христос!? Да Го следиме понатаму по реката Јордан; по гласот на оној што вика во пустињата, и таму да Го видиме Создателот на Адам, ракополаган од дланката на слу-гата, за неискажливото милоср-дие; и кон Него велегласно да извикаме: – Си дошол и Си се ја-вил во Јордан, да ги осветиш во-дите.

Прокимен: (пс. 113,3) -Морето виде и избега, Јордан се врати назад.   (трипати)

Стих: – Што ти стана, мо-ре, па бегаш, и тебе, Јордане, па назад се враќаш.

Евангелие според Марко, зачало 2.

По 50-иот псалм, Слава…, глас 2 Денес сите да Му се воз-радуваат на Христа Којшто се ја-вил во Јордан.

Исега…,истото.

Потоа, стихира глас 6, самогласен.

Бог – Словото во тело му се јави на родот човечки; стоеше да се крсти во Јордан, а кон Него Претечата зборуваше: – Како да ја пружам раката и да се допрам до врвот којшто држи се? Иако Си Дете од Марија, но Те знам де-ка Си предвечен Бог; по земјата да крсти Господар, не научив. Недостижен, Господи, славаТебе!

Катавасија на празникот, глас 2.

Песна 1. На длабочината и го откри дното и по суво своите ги извлекува; во неа ги потопи противниците; силен во војна е Господ, затоа се прослави.

Песна 3. Господ Кој што му дава крепост на царот наш и славата на своите помазаници ја вознесува, од Дева се раѓа и при-оѓа за крштавање. Нему, верни-ци, да Му извикаме: – Нема свет како нашиот Бог!

Песна 4, Го услишав, Гос-поди, гласникот Твој когошто си го нарекол „Глас на оној што вика во пустињата”, бидејќи си загрмел над многуте води, посве-дочувајќи Го Твојот Син; Истиот беше над Когошто слегуваше Духот, велејќи: – Ти Си Христос, Божјата мудрост и сила.

Песна 5. Исус-животона-чалникот доаѓа да ја разреши осудата на Адам – првосоздаде-ниот; а очистување, бидејќи Бог, не Му треба; паднатиот го очис-тува во Јордан; во него неприја-телството го уби. Оној Којшто го надвишува секој ум, мир дарува.

Песна 6. Гласот на Сло-вото, светилникот на Светлина-та, Деницата на Сонцето, Прете-чата во пустињата: – покајте се! – им вика на сите луѓе; – И очистете се! Зашто, ете, пристапува Хрис-тос Којшто од распадливост го избавува светот.

Кондак, глас 4. Денес Си и се јавил на вселената и Твојата светлина, Господи, се покажа на нас коишто духовно Ти пееме: – Си дошол и Си се јавил, Светлино непристапна.

Песна 7. Момчињата бла-гочестиви, во печката огнена кога се најдоа, бурниот Дух росен и слегувањето на Божјиот ангел неповредени ги сочува; затоа, во пламенот оросените, благодар-ствено пееја: – Највос-пеан од от-ците, Господи и Боже, благосло-вен Си!

Песна 8. Тајната преслав-на ја направи вавилонската печка извор на роса, зашто Јордан, во водите требаше да го прими не-материјалниот оган; и Го прегр-на, во тело крстениот Создател, Когошто Го благословуваат луѓето, и Го превознесуваат во сите векови.

Песна 9. Величај ја, душо моја, почесната од горните вој-ски, Дева – Пречистата Богоро-дица.

Немоќен е секој јазик да те фали според достоинството, а избезумува и надземниот ум да ти пее, Богородице, но, бидејќи си вистински добра, примија вера-та, зашто ја знаеш љубовта боже-ствена наша; Ти си заштитница за христијаните, тебе те величаме.

Величај Го, душо моја, Оној Којшто дојде во Јордан да се крсти.

Давиде, дојди со духот кај Просветениот, пеј кон Бога, сега пристапете со вера, зборувајќи: Просветете се, Овој сиромав го повика Адама од падот; зашто

Него Го слушна Господ кога дој-де во јорданските струи за да го обнови распадливиот.

Денес Јован Го крштава Господарот, во водитејордански.

Дознавме дека капината која што му се јави на Мојсеј, доаѓа со необични заповеди; зашто, како се спаси Дева, но-сејќи оган, кога Го роди светло-носниот Добротвор, во јордан-ските води објавен?

Денес Господарот ќе при-ми крштение од раката Прете-чева.

Го помазуваш човечкото суштество, Цару беспочетен, преку учеството на Духот, изми-вајќи го со чистите води; и гор-деливата сила на темнинатаја по-срами, за да му дадеш сега живот бесмртен.

Потоа повторно се пее припевот и ирмосот од деветтата песна.

Светилен: Сејави Спасот, благодатта и вистината, во стру-ите јордански, и тие коишто во темнина и сенка спиеја, ги про-свети; зашто дојде и сејави Свет-лината непристапна.

Хвалитни стихири на че-тири, глас 1.

Светлина од Светлината му засвети на светот, Христос-Спасот наш, Бог Којшто се јави;

луѓе, Нему да Му се поклониме!

Христе, како ние слугите, достојно да Те почитуваме како Господар, бидејќи сите нас, во во-дите Си не обновил?!

Ти, откако Си се крстил во Јордан, Спасителу наш, водите Си ги осветил; од дланките на слугата ракоположен, и стра-дањата на светот Си ги исцелил. Голема е тајната на Твоето јавување, Човекољубче Господи, СлаваТебе!

Вистинската светлина се јави, и на сите просветување им дарува. Се крштава Христос со нас, Којшто од секоја чистота е повозвишен. И внесува светост во водите, и тоа постанува очис-тување на душите, земно јаву-вано и наднебесно разбирано; со бањата – Спасението, а со водата – Духот, заради потопувањето кое постана наш вознес кон Бога;

Чудесни се Твоите дела, Господи, славаТебе!

Слава…, глас 6.

Со водите јордански Си се облекол, Спасе, Ти Којшто се об-лекуваш со светлина како со облека, и Си ја приклонил гла-вата пред Претечата, Ти Којшто небото Си го измерил со педа, за да го одвратиш светот од лагата, и да го спасиш, бидејќи си Чове-кољубец.

И сега…, глас 2.

Денес Христос на Јордан пријде да се крсти; денес Јован се допира до темето на Господарот;

силите небесни се ужасија, виду-вајќи ја преславната тајна; мо-рето виде и избега, Јордан кога виде се врати; а ние кои се про-светивме, пееме: – Слава на Бога Којшто се јави и на земјата е ви-ден, и Којшто светот го просвети.

На Литургијата:

Антифон 1. (пс. 113,1,2,3, 5) – Кога Израилот излезе од Еги-пет, домот Јаковов – од туѓ народ.

– Јудеа стана Божјо све-тилиште, Израилот област Не-гова.

– Морето виде и избега; Јордан се врати назад.

– Што ти стана море, па бе-гаш, и тебе, Јордане, па назад се враќаш?

По секој стих пееме: – По молитвите на Богородица, Спасителу, спаси не.

– Слава…, и сега…, По молитвите на Богородица, Спасителу, спаси не.

Антифон 2. (пс. 114, 1-5) -Се радувам, дека Господ ќе го услиши гласот на моето молење.

– Зашто го приклони кон мене Своето уво, и затоа ќе Го призивам преку сите мои дни.

– Смртни болки ме обзе-доа, пеколни маки ме стигнаа; се најдов во неволја и мака. Тогаш го повикав името Господово.

– Милостив е Господ и пра-веден, и милосрден е нашиот Бог.

По секој стих пееме: -Сине Божји, Ти Којшто во Јор-дан се крсти, спаси не нас што Ти пееме: -Алилуја!

Слава…,исега…, Единороден Сине и Слово Божјо…

Антифон 3. (пс.117, 1-4) -Славете Го Господа, зашто Он е добар, зашто милоста Негова е вечна.

– Нека каже сега домот Израилев дека е Он добар, дека милоста Негова е вечна.

– Нека рече сега домот Аронов дека е Он добар, дека милоста Негова е вечна.

– Нека кажат сега сите кои се бојат од Господа дека е Он до-бар, дека милоста Негова е веч-на.

По секој стих се пее тропарот: – Во Јордан, кршта-вајќисе…

Входно: (пс. 117, 26-27) -Благословен е оној кој оди во името на Господа! Ве благо-словуваме од домод Господов. Бог е Господ и ни се јави.

Наместо: – Свети Боже…, сепее: -Елици…

Прокимен на Апостолот

(пс.117, 26): – Благословен е оној кој оди во името на Господа! Бог е Господ и ни се јави.

Наместо: – Достојно е…, се пее ирмосот од празникот.

Причастен: – Се јави бла-годатта Божја, спасителна за сите луѓе.

 

Превел, архимандрит Нектариј