Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри!
Денеска прославуваме еден од Господовите празници, односно, го чествуваме Богојавлението на предвечна та Троица, кое на денешен ден, најоткриено се јавува за време на крштевањето на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во реката Јордан. Ова е посебен радосен ден, кога многу луѓе, дури и оние кои се далеку од секојдневниот жи вот на црквата, во своите срца ја чувствуваат Божјата благо дат. Во денешното апостолско четиво, за време на светата Литургија, ги слушнавме зборовите на апостолот на народите.
Во посланието до Тит, апостолот вели: „Бидејќи се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе.“ (Тит 2, 11). Овие зборови за првите христијански заедници, би можело да се рече дека биле револуционерни. Замислете, не само нам ни се дава благодатта Божја, на тесен круг, на едномислени ци. Не само на Црквата во Ерусалим. Не само на Јудејскиот избран народ, од којшто произлегол и Спасителот Господ Христос, туку на сите луѓе, на целокупниот човечки род. По натаму, апостолот ја разјаснува оваа мисла, па вели, дека таа благодат не ни се дава поради нашата праведност, туку по милосрдието Божјо. „А кога се јави добротата и чове кољубието на нашиот Спасител, Бога, Он не спаси, но не според извршените од нас праведни дела, туку по Својата милост, преку бањата на преродувањето и обновата од Све тиот Дух.“ (Тит 3, 4 ‒ 5).
Врз овие зборови на апостолот, се напишани многу тол кувања и појаснувања, уште од најстарата Црква, односно, од учителите на црквата. Ние нема да ги наведуваме сите автори, туку ќе се задржиме на основната смисла, зна чењето на овие зборови, а тоа е: Божествената благодат, по милосрдието Божјо се дава на сите луѓе. Па, се поставува прашање: Зошто тоа така произлегува? Можеби луѓето не ја заслужуваат таа благодат. Ние знаеме, дека таа благодат е дојдена до нас преку овоплотувањето на Синот Божји. Преку Неговото раѓање во Витлеем. Преку Неговото крште ние во Јордан. Преку Неговиот Живот. Преку Неговите стра дања. Преку Неговата смрт и преку Неговото Воскресение. Можеби така луѓето со нивните добри дела, го подготвува ле патот на Спасителот? Сосема не е така. Него никој не Му подготвувал никаков пат. Единствено Јован Претечата и Крстител, повикувал на покајание. Светот живеел во зло и грев, и продолжил да жи вее така. Ниту едно живо суштество не било достојно да се допре до Божјата благодат, освен Јован Претеча и Присно Дева Марија, и тоа е се од севкупниот род човечки. Не случајно, Света Дева Марија и Јован Претеча, секо гаш стојат лево и десно од Господа Исуса Христа. На сите иконостаси ги имаме нивните икони. Само овие двајца, пос лужиле за Неговата мисија и го подготвувале Неговиот пат. Се поставува прашање: Зошто Господ Исус Христос до шол во овој свет кога светот не Го очекувал? И доколку има ло некои во избраниот народ, што го очекувале Месијата, тие очекувале поинаков, овоземен.
Некој кој ќе ги ослободи од римското ропство, и ќе му даде сила и привилегија на јудејскиот народ. Така јудејскиот народ живеел и таков месија очекувал државен господар. Никој ниту зборувал ниту се подготвувал за ваков Месија, за Спасител на родот човечки. Месија кој ќе ги избави од гревот и од злото. Пов торно давајќи му можност на паднатиот човек во грев, да се ослободи и да се соедини со Бога, како свој Создател и Спасител. Господ доаѓа, како што вели апостол Павле, не според нашите дела и нашата праведност, туку по Неговото мило срдие. Затоа Он и денеска е со нас, и ни ја дава Божестве ната благодат, не според нашите дела и нашата праведност. Затоа, не сите ние, што денеска ќе се допреме со осветената богојавленска вода или, пак, оние кои се капат во студените езерски и речни води, сме праведници. Сигурно дека ниту сме праведници ниту, пак, безгрешни, но секој кој се допи ра до оваа светиња, чувствува промена во своето срце. Ја чувствува посебната сила на Божјата благодат, по милоста Божја.
Но, се случува понекогаш, поради нашите лоши мисли и постапки, да го скамениме нашето срце. Тогаш ние стану ваме неспособни, да ја примиме силата и благодатта, дури кога ни се дава без никакви наши заслуги, од самиот Бог. Таа буквално ни се подарува од Бога. Но и да не сме толку оптоварени со гревови и престапи, и да сме здрави и прави, не можеме секогаш да ја примиме Божјата благодат. Тоа е најголемото сведоштво, дека неа ја примаме и добиваме по милосрдието Божјо, но и со наше учество. Нашето учество се состои во тоа, да бидеме свесни дека сме грешни луѓе и дека ни е потребна Божјата помош. Кога го изобразуваме светиот Крст на нашите гради и повикуваме Божја милост, со скрушеност и со понизност, тогаш, без сомнение Бог ќе допушти, Неговата милост и благодат да бидат со нас. И ние денеска, кои се наоѓаме во овој свет храм, и на Охридското езеро, и на реката Дрим во Струга, да отфрлиме од нашите срца и души секаква лоша мисла и да измолиме милост Божја. Да ја добиеме благодатта од денешниот празник, која богато се излива на секоја душа, по милоста Божја, како што вели апостол Павле: „та оправдани со Него вата благодат да станеме по надеж наследници на вечниот живот“ (Тит 3, 7). Амин!
Беседата е изговорена на 19.01.2019 год., на светата Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, Охрид.