Беседа на Богојавление, Охрид, 2007 година

Во името на Отецот и Синот и светиот Дух!

Драги браќа и сестри! На денешен ден Исус од Галилеја отиде на реката Јордан кај Јован Крстител, за да биде крстен од него. Јован и покрај тоа што беше надарен со прозорливост и знаеше, кој доаѓа кај него, Го запира, велејќи Му: “Јас имам потеба да се крстам од Тебе, а Ти доаѓаш кај мене?” Исус му велеше: “Остави сега” така прилега за да ја исполнам секоја правда”.

“Кога Исус излезе од водата, небото се отвори,

Духот Божји во вид на гулаб се спушти врз Него и глас се слушна од небото: Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата милост”(Мат. 3, 16-17). После некој ден Исус пак поминал покрај тие места каде Јован крштевал и Јован рекол за Него. Еве Го Јагнето Божјо”. Но Израескиот народ не го разбрал доволно што зборува Јован, бидејќи тие очекувале Месија да ги ослободи од Римското ропство.

Но ние христијаните кои Го знаеаме Исуса како Јагне Божјо, Кој ги зема гревовите на светот, Кој се принесува Себеси на доброволна жртва, ги разбираме зборовите на витаварскиот проповедник. Длабоко ни проникнува гласот на оној кој вика во пустињата:” подгответе Го патот Господов” (Лк. 3, 4). Ако стоиме со духот на Јордан, да бидеме сведоци на средбата на Исуса со Јован Крстител, ние ќе го слушнеме и гласот, кој доаѓа од небото: “ Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата милост”(Мат. 3, 16-17). Тогаш ќе се засили ревноста наша за спасението и ослободување на гревовите преку Јагнето Божјо.

Но ние треба да имаме и сопствен придонес во делото на нашето спасение, треба да имаме желба за спасение, која би не довела сосема блиску до Исуса, тогаш ќе Го видиме, ќе Го познаеме, ќе Го засакаме и ќе ја примиме Неговата искупителна жртва.

Што треба да направиме? Ако сакаме да го спасиме нашето срце, треба секогаш да го молиме Бога со зборовите на Псалмопеачот “Срце чисто создај во мене, Боже”(Пс. 50, 12).Самите ние треба да започнеме да го чистиме, а Бог ќе го закрепи за да остане чисто, измиено со крвта на Јагнето Божјо.

Ако сакаме совеста да ни биде чиста, треба да се трудиме да ја ослободиме од нејзиното самозаконие и да ја потчиниме на на врхоивниот Божји закон, на законот

на доброто, кој го определува однесувањето на луѓето помеѓу себе, па сите да живеат како браќа и синови Божји.

Ако сакаме да се зацврстиме во доброто дело, и тоа да нѐ издигнува сè повисоко, треба да ни биде дејствително однесувањето со Оној од Кого доаѓа секое добро и секој совршен дар.

Тие кои со духот биле и биваат на реката Јордан при Јован Крстител и го виделе и ги гледаат отворени небесата над Синот Божји, над Исуса, го слушнале и го слушаат гласот Божји, дека Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја! – тие ќе врват по Јагнето Божјо кое ги зема грвовите на светот, и кои го следат, ќе се спасат и ќе бидат соработници Господови за спасението на луѓето од гревот и злото, и од секаква несреќа. Амин!

 

19.01.2007 година, На празникот Богојавление,

Голем Богојавленски Водосвет на Охридско Езеро – Охрид